Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Времето во Македонија денеска, понеделник, 12. јуни, ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Дневните температури ќе се движат од 16 Целзиусови степени во Маврово, Берово и Крива Паланка 20, Охрид 22, Битола 23, Скопје 25, до 26 степени во Кавадарци и 27 во Дојран.
И утре ќе имаме облачно и нестабилно време со дневни температури од 16 до 27 степени.