Home Актуелно Облачен и потопол априлски ден

Облачен и потопол априлски ден

Денеска, 5-ти април, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 15 степени. Маврово 8, Охрид и Битола 13, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 15, Дојран 17.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…