Облачен и посвеж петок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, петок, 29. април, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степена.

Утре температурата ќе опадне за неколку степени и следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни во сабота во текот на ноќта и во недела преку денот.