Home Актуелно Облачен и постуден вторник

Облачен и постуден вторник

Денеска, вторник, 22. февруари, времето во Македонија ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови (локално 15л/м2).

Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец (над 60км/ч.).

Максималните дневни температури во Скопје ќе достогнат до 8 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид и Битола 9, Крива Паланка 8, Берово 7, Кавадарци 11, Дојран 13.

Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер и дневни температури од 2 до 12 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…