Home Актуелно Облачен и дождлив вторник

Облачен и дождлив вторник

Во Македонија денес ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег особено попладне.

Во текот на ноќта кон среда врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 3, Охрид 7, Кавадарци 10, Битола 8, Крива Паланка 9, Берово 8, Дојран 12 степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне во јужните делови. На планините и на некои повисоки места ќе има повремен снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури ќе достигнат во Скопје 7, Маврово 2, Охрид 5, Битола 6, Кавадарци 8, Крива Паланка 4, Берово 3, Дојран 9.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…