Облачен и дождлив петок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последниот мартовски петок во Македонија носи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од два до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до осум степени.

Во сабота ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.