Облачен четврток со повремени врнежи од дожд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот мајски четврток во Македонија носи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец со дневна температура од 16 Целзиусови степени. Маврово 10, Охрид 15, Битола 16, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 17.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во северните делови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат од 12 до 21 степен.