Обид за самоубиство: Тинејџер се обидел да си ги пресече вените поради женска

19-годишно момче од Чашка, во Прилеп се обидело да си го одземе животот, поради расправија со девојка, соопшти полицијата.

Имено, во неделата, околу 00.30 часот во Прилеп на улица Гоце Делчев, Н.Д. (19) од Чашка, велешко, се качил по скалите од дрвената куќарка, по што испил две ленти таблети аналгин, а потоа со жилет се обидел да си ги пресече вените на рацете.

На ова му претходела расправија со неговата девојка од Прилеп. Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му се констатирани телесни повреди.

По извршен преглед лицето е приведено во полициска станица во Прилеп, затоа што истото се води како исчезнато лице во полициска станица Гази Баба-Скопје и за него била распишана потерница на 08.01.2016 година. Истиот на 10.12.2015 година избегал од Јавната установа Ранка Милановиќ.