Обезбедувањето од Чавков: „Не беше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на крвавиот четврток“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако поради вклучување на безбедносниот аларм кратко беа одложени сите судења во Кривичниот суд, денес продолжи судењето за „крвавиот четврток“. На новото рочиште сведочеше Никола Димитриевски, кој му беше обезбедување на обвинетиот Митко Чавков на денот кога се случуваа крвавите настани во Собрание.

Димитриевски рече дека Чавков на 27 април не бил во ВМРО ДПМНЕ во 18 часот, како што сведочеше минатата недела Александар Василевски Нинџа.

Според Димитриевски, Чавков во 18 часот бил во канцеларија која што ја имал во „Технометал Вардар“ и таму останал два часа. По ова, Чавков заминал во МВР каде што се задржал до полноќ, а потоа отишол во штабот на ВМРО ДПМНЕ за да се види со Тодоров. Сведокот кој сведочи по барање на Чавков претходно кажа и дека Чавков како директор на Бирото за јавна безбедност го обезбедувале 7 лица со три возила: „Мерцедес“, „Ауди“ и „БМВ“.

На 27 април, возилата ги паркирале во гаражата, а Димитриевски го чекал Чавков пред канцеларијата.

Сè до 19 часот било мирно, а потоа слушал што разговарал Чавков на телефон.

,,Вратата беше обична и можев да слушнам како дава команди, збореше со Митко Пешев, тогашниот началник Горан“, рече сведокот.