Home Актуелно Новоизбраните пратеници го конституираа деветиот собраниски состав

Новоизбраните пратеници го конституираа деветиот собраниски состав

Со верификација на мандатот на 120- те пратеници, се конституира новото Собрание на Република Македонија.

Од 115 присутни, за верификацијата гласаа 110 пратеници во собраниската сала.

Не гласаа петтемина пратеници од БЕСА, бидејќи претходно побараа Собранието да не го верификува мандатот на Јохан Тарчуловски од ВМРО ДПМНЕ оти е осуден од Хашкиот суд за воени злосторства.

Кога дојде на ред точката за избор на претседател на Собранието, претседавачот Трајко Вељаноски рече дека тука ја прекинува седницата и оти за оваа точка пратениците ќе се соберат кога ќе се создадат услови. До изборот на нова влада, стариот состав на Владата продолжува да функционира технички.

Трите места за пратеници од дијаспората останаа празни, бидејќи на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември, кандидатите не освоија доволен број гласови ниту за едно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…