Home Актуелно Ново рочиште за „Монструм“: Прочитани интригантни СМС пораки од Никола Груевски

Ново рочиште за „Монструм“: Прочитани интригантни СМС пораки од Никола Груевски

На новото судско рочиште за случајот „Монструм“ кое денес се одржува, беа читани СМС пораки и други транскрипти поврзани со петкратното убиство кое се случи кај Смилковското Езеро. Меѓу пораките кои беа прочитани, имаш и и СМС испратени од бившиот премиер и актуелен осуден бегалец Никола Груевски, пренесува Фокус.

Пораките од Груевски ги прочита судијата Огнен Ставрев.

„ДУИ на сите страни шират лаги за постапувањето на МВР за петкратното убиство. Тоа прави голема штета на државата“, вели Груевски.

Во друга порака пак Груевски пишува:

„Некоја организација на жени или МПЦ нека им реплицира на ИВЗ. Испаѓа дека шиптарките може дома да чуваат тенкови, а полицијата ништо да не им може само затоа што се жени муслиманки“, пишува Груевски до соговорник.

Истата порака на неколку места ја препраќа и тогашната министерка Гордана Јанкулоска, која додава: „ Срамота е ова што ни го прават говедата“.

Судењето е во тек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…