Ново поскапување на горивата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последната година, цените на горивата достигнаа значително зголемување, што е голем удар како по џебот на обичните граѓани, така и за целото стопанство. Имено, регулаторната комисија објави ново поскапување, кое со вклучената нова акциза која беше вметната од почетокот на годинава, достигна вртоглави цени.

Така, од ноќеска на полноќ горивата ќе поскапат за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2 денари за литар. Со тоа, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,50 денари, а на дизелот 65 денари. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 54 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,397 денари и ќе изнесува 34,534 денари.