Home Живот и здравје Нови 26 случаи на заразени со ковид-19, нема починати

Нови 26 случаи на заразени со ковид-19, нема починати

Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 26 случаи на заразени со ковид-19 од вкупно направени 2.866 тестирања. Регистрирани сe и осум оздравени пациенти, а нема починати, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број новорегистрирани случаи на ковид-19 од Скопје се 13, од Тетово 5, од Гостивар 3, Кичево 2 и од Куманово, Прилеп и Штип по 1. Од осумтемина оздравени пациенти тројца се од Струмица, по двајца од Куманово и Тетово и еден.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а на активни случаи изнесува 225.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 правила за животот на вашата мачка

10 правила за животот на вашата мачка Ако имате мачка како милениче, мора да го прочитате …