Нови 140 случаи на коронавирус, четворица починати


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 140 случаи на коронавирус во земјава, а четворица луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 1507 тестирања.

Најмногу нови случаи има во Скопје – 43, а потоа следуваат Тетово 12, Струмица 11, Куманово 10, Прилеп и Гостивар по 9…

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694, бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920.