Home Шоубизнис Новата серија од Netflix ја нарекуваат „најморничава на сите времиња“

Новата серија од Netflix ја нарекуваат „најморничава на сите времиња“

Во последно време на Netflix навистина им тргна од рака со хитовите. После Bird Box и интерактивната верзија на Black Mirror, уште една серија го привлече вниманието на публиката ширум светот и стана мегахит.

Серијата „You“ го следи ликот на Џо Голдберг кој се запознава со писателката Гвиневер Бек и лудо се вљубува во неа. Неговата љубов преминува во опсесија, па почнува да ја следи и „онлајн“ и во живо. Потоа почнува да презема и некои навистина екстремни мерки за да остане во нејзиниот живот.

„Најморничавата серија која сум ја гледал во последно време“, „Почнав да ја гледам You на Netflix и таа е едно од најморничавите нешта кои сум ги гледала“, „Една од најморничавите и најчудни серии кои сум ги гледала било кога. Ве тера да ја гледате до крај“, се само некои од коментарите од фасцинираните гледачи кои во едно се согласија – дека „You“ е една од најморничавите серии на сите времиња.

Предлошка за серијата е истоимената книга од Керолајн Кепнес, а LAD Bible пишува дека е многу веројатно истата да доживее и втора сезона, бидејќи и книгата има продолжение со наслов „Hidden Bodies“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …