Новата копија на iPhone X има сензор за отисоци интегриран во самиот екран


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како секогаш по излегувањето на новиот смартфон на Епл се појавуваат и неговите кинески копии. А најнова меѓу нив е кинескиот смартфон Doogeе V.

Тоа е производ на кинеската компанија Doogee кој по изглед е многу сличен на новиот iPhoneX. Екранот се протега скоро по целата предна страна и во горните агли. А централно има поставено две камери.

Посебно внимание привлече овој смарфон поради сензорот за отисоци кој е вграден во екранот. Првиот смарфон со таков сензор стигна неодамна, па најверојатно оваа година ќе гледаме и други смарфони со исто решение. Компанијата се уште нема потврдено која технологија е употребена, но веројатно се работи за Синаптисовата.

Овој сензор е и доказ дека оваа кинеска компанија нема технологија за препознавање на лице. Уредот исто така поседува и УСБ Ц приклучок, и 6,2 инчен екран. Официјалното претставување на смартфонот е закажано за 27 февруари.