Нова кривична пријава за прилепскиот градоначалник Ристески и екс министерот Диме Спасов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот Министер за труд и социјална политика, Диме Спасов и Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески заработија кривични пријави поради сомневање дека извршиле кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата.

Од Основното јавно обвинителство Прилеп кривични пријави добија и поранешниот директор на ЈОУ Дом за стари лица Киро Крстески Платник Дарко Рибароски, директорката на МЦСР Снежана Јовановска, како и членови на Управниот одбор на прилепскиот Дом за стари лица.

Според подносителот на пријавата, адвокатот Жарко Стеваноски, постојат основи за сомневање дека во периодот од 2009 година до денес, спротивно на одредбите од чл.95 од Законот за социјална заштита, Диме Спасов и Снежана Јованоска склучиле договор со тогашниот директор на ЈОУ Дом за стари лица Киро Крстески Платник, Дарко Рибароски за финансирање на проектот Народна кујна без обезбедено одобрение за вршење дополнителна дејност од Владата на РМ. На тој начин пријавените предизвикале штета од големи размери на буџетот на Република Македонија и на Општина Прилеп.

Исто така, постојат основи за сомневање дека прилепскиот градоначалник Марјан Ристески и членовите на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица Киро Крстески Платник од Прилеп со неизвршување на својата службена должност, спротивно на Статутот на јавната установа и на Законот за социјална заштита, не спровеле постапка за избор на нов директор на установата во периодот од 08.07.2010 до 05.11.2015.

Со тоа, спротивно на закон, му овозможиле на Рибароски да ја врши функцијата ВД директор на домот за стари лица, период во кој преку неизвршување на службените должности и непреземање на мерки и активности за законито управување со средствата на домот, била предизвикана штета во износ од преку 15.000.000,00 денари.