Home Шоубизнис Нов сценарист и нови проблеми за Bad Boys 3

Нов сценарист и нови проблеми за Bad Boys 3

Култниот акционен филм Bad Boys, во кој главните улоги ги играат Вил Смит и Мартин Лоренс, може да има и трето продолжение како франшизен филмски производ. Овој пат со друг сценарист.

Bad Boys 2 прв пат беше прикажан пред 14 години, а надежта дека може да биде снимен и Bad Boys 3 одамна спласна. Но, тоа навистина се случува, а одговорноста за филмот овој пат ја презема Џери Брухајмер.

Во разговор за Yahoo, Брухајмер откри дека филмот има нов сценарист кој веќе работи на сценариото. Bad Boys 3 или Bad Boys For Life требаше да биде прикажан во 2017 година, меѓутоа, сценаристот и режисер Џо Карнахан го напушти проектот претходно оваа година.

„Ние работевме на филмот, не знам ни јас колку години, а кога веќе доста сработивме, повторно е одложен“, рече Брухајмер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …