Home Шоубизнис Нов холивудски брак: Се верија Хоакин Феникс и Руни Мара

Нов холивудски брак: Се верија Хоакин Феникс и Руни Мара

Славниот холивудски пар Хоакин Феникс и Руни Мара во својата љубовна врска отидоа еден чекор, и тоа најсериозен, понапред.

Славниот пар неодамна ја официјализираше нивната врска со веренички прстен кој се најде на вереничкиот прст од Мара. Фотографите ја „уловија“ Мара во Лос Анџелес, а во прв план на сликите беше големиот дијамантски прстен кој се истакнуваше на нејзината лева рака.

Портпаролите на славните актери не сакаа да ја коментираа нивната свршувачка. Мара и Феникс се во врска од 2016 година. Прв пат беа видени заедно во еден италијански ресторан, а соработуваа на филмот „Her“ од 2013 година.

Како пар официјално прв пат се појавија на Канскиот филмски фестивал во 2017 година, кога беа видени како се гушкаат кога Хоакин ја освои наградата за најдобар актер за улогата во филмот „You Were Never Really Here“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …