Нов договор за продажба на гас меѓу Русија и Кина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руски „Гаспромˮ и кинеската компанија CNPC склучија договор за продажба на 10 милијарди кубни метри гас од Далечниот Исток на Русија годишно.

Новиот договор ќе овозможи обемот на испораките на гас во Кина да се зголеми за 10 милијарди кубни метри, достигнувајќи 48 милијарди кубни метри годишно, вклучувајќи ги и испораките преку гасоводот „Силата на Сибир“.

„Гаспромˮ и кинеската компанија CNPC склучија договор за продажба на гас од Далечниот Исток на Кина, се наведува во соопштението на руската компанија.

„Гаспром“ и Кинеската национална корпорација за нафта и гас (CNPC) потпишаа долгорочен договор за продажба на природен гас по далекоисточната маршрута. Потпишувањето на документот е важен чекор во понатамошното зајакнување на заемната соработка на Русија и Кина во гасната сфера“, се наведува во соопштението.

Се очекува обемот на испораки на руски гас на Кина да се зголеми за 10 милијарди кубни метри и да достигне 48 милијарди кубни метри годишно (вклучувајќи ги испораките преку гасоводот „Силата на Сибир“).

Претседателот на Управниот одбор на компанијата Алексеј Милер изјави дека веќе вториот договор за гас со Кина сведочи за „највисокото ниво на заемна доверба и партнерство“ меѓу двете земји. „Нашите кинески партнери од компанијата CNPC веќе успеаја да се уверат дека „Гаспром“ е сигурен снабдувач на гас“, истакна тој.

Извор: Русија Бијонд