Home Актуелно И денеска нема договор за зголемување на минималната плата – ССМ ја повикува Владата да ги поддржи работниците

И денеска нема договор за зголемување на минималната плата – ССМ ја повикува Владата да ги поддржи работниците

„И денеска нема договор, очигледно работодавачите си гледаат само за нивните фирми и нивниот капитал“, вака првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, го дефинираше крајот на денешните неуспешни преговори меѓу синдикатот и работодавците. Тој додаде дека работодавачите дури и се дрзнале денеска тие да добијат повластувања од Владата.

„Еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите. Владата излезе со една одлична анализа, каде што кажува дека моделот кој го предлага Сојузот на Синдикатите на Македонија и останатите синдикати е најприфатлив. Затоа ја охрабрувам владата, бидејќи гледам дека е на наша страна, врз основа на ова што денеска тие го анализирале, цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18.000 денари” – изјави Димовски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека за одреденни прашања имало и согласност, како на пример дека постоечкиот модел за пресметување на минималната плата е неприфатлив за сите страни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…