Home Шоубизнис Ниту еден кандидат не помина: Македонија без кандидат за Оскар

Ниту еден кандидат не помина: Македонија без кандидат за Оскар

Ниту еден од пријавените филмови не ги исполнува естетските и наративните критериуми за да биде македонски кандидат за Оскар, од неанглиско говорно подрачје, одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за Оскар.

Како што соопшти Друштвото на филмски работници, Комисијата одлучила ниту еден од пријавените кандидати, „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски да не ја претставува Македонија во трката за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Претседател на Комисијата за избор на македонски кандидат е продуцентот Роберт Насков, а членови се Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф), Марија Апчевкса (режисер), Роберт Јанкулоски (директор на фотографија), Атанас Георгиев (монтажер) и Жаклина Крстевска (костимограф).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…