Ништо од изградбата на ХЕЦ Бошков мост: ЕБОР ја откажува финансиската поддршка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја откажа финансиската поддршка на хидроелектраната Бошков мост, која беше планирано да се гради во Националниот парк Маврово.

Најголемиот финансиер на проектот и официјално ја потврди одлуката на својата веб страница. Пред повеќе од пет години, токму оваа финансиска институција обезбеди кредит од 65 милиони евра за изградба на енергетски капацитет со инсталирана моќност од 68,2 мегавати.

Хидроелектраната Бошков мост, доколку се изгради, треба да произведува 117,54 мегават часови електрична енергија на годишно ниво. Проектната документација планираше да се искористи водниот потенцијал на Мала Река и на нејзините притоки.

Одлуката од ЕБОР доаѓа само неколку месеци по усвоеното барање за суспендирање на сите инфраструктурни проекти во Националниот парк Маврово, кое беше донесено на крајот од 2015 година од Постојаниот Комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа.

Жалбата до нив беше поднесена од македонските еколошки организии Еко-свест и Фронт 21 42, кои констатираа дека изградбата на хидроелектраната Бошков мост може да го доведе во опасност биодиверзитетот во самиот национален парк.