Нинџа сам се предаде на полицијата – веднаш го префрлија во истражниот затвор во Шутка

Еден од обвинетите за насилните дејства кои на 27 април, 2017 година се случија во македонското Собрание, Александар Василевски -Нинџа, денес сам се предла на судските органи, после 5-месечна потрага по него, пренесува Фокус.

Полициските служби веднаш го префрлија во истражниот затвор во Шутка, каде ќе издржува приторска казна.

Претходно беше приведен и Младен Додевски, кој е дел од групата од петмина осомничени за кои беше распишана потерница. На нив им е одреден притвор. Делото за кое се сомничат е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Пред два месеци на истражните органи им се предаде уште еден осомничен кој беше во бегство и по кој се трагаше – Никола Митревски Кољо.