Home Актуелно Николовски на Фејсбук: Има реални можности за формирање ново парламентарно мнозинство

Николовски на Фејсбук: Има реални можности за формирање ново парламентарно мнозинство

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, вчера вечерта преку неговиот Фејсбук профил апелираше дека има реални шанси да се направи ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

„Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори“, пишува Николковски.

Македонија, како што се наведува, нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…