Мафијашка пресметка и ликвидација среде Херцег Нови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера утрото, во 9 часот, среде Херцег Нови беше убиен Шќепан Рогановиќ, за кој полицијата знае дека е близок до мафијашкиот кавачки клан, пренесоа црногорските медиуми.

Убиството се случило кај Канли кула, а полицијата го блокирала градот. „По извршителот се трага“, соопшти црногорската полиција.

Шќепан Рогановиќ е брат на Душко Рогановиќ, кој беше тешко повреден во експлозија на бомба во Херцег Нови во 2017 година.

Тој во експлозијата остана без двете нозе. Додека се лекувал, таткото на Шќепан и Душко, Нико Рогановиќ, бил убиен во заседа пред неговиот стан во Херцег Нови.

На крајот на декември 2018 во Виена беше убиен братучедот на Шќепан и Душко, Владимир Рогановиќ.