Никола Груевски доби адвокат по службена должност – еве кој ќе го брани додека „не е тука“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адвокатот Мехмед Сефери, по судска службена должност, доби задача да му биде правен застапник и бранител на избеганиот Никола Груевски во случајот „ТНТ“ – предизвик кој Сефери вели дека го прифатил по слободна волја и желба.

„Од страна на претседателот на судот, денеска добив задача да бидам службен адвокат ангажиран за случајот ТНТ. Јас лично многу малку сум информиран за случајот, но во идниот период ќе барам од судот да ми ги достави материјалите за случајот“, рече Сефери.

Екс-премеирот, Никола Груевски остана без законска одбрана веќе две недели, бидејќи неговиот тим се откажа од задачата. Груевски на 11 ноември избега од државата, а на 13 ноември преку Фејсбук информираше дека е во Будимпешта и дека таму побарал азил.

Неговиот нов адвокат, Мехмет Сефери, вели дека се уште немал никаква комуникација со клиентот кој му го одреди судот.

„Не, не, јас од страна на судот добив одлука и досега немав никаква комуникација“, вели Сефери.