Home Актуелно Незадоволни од МОН: Студентите најавуваат секојдневни протести и блокади во Скопје

Незадоволни од МОН: Студентите најавуваат секојдневни протести и блокади во Скопје

Министерството за образование и наука не исполни ништо од ветеното, не ги почитува роковите кои самото си ги зададе, па затоа најавуваме најавуваме протести и блокади на цело Скопје.

Не како минатиот пат со еден протест и еден марш, туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град, најавуваат од Студентски отпор.

Во соопштението на Студентски отпор се вели дека МОН не ги почитува законските рокови и ветувањата: се доцни со исплата на субвенциониран студентски оброк, студентоте кои се прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, се доцни и со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата, не е почната ветената реконструкција на студентските домови.

„Преговорите за новиот закон за студентски оброк се одвиваат нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво. Најнова информација од МОН е дека до 15 март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор“, соопшти Студентски отпор.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…