Нетфликс објави трејлер за биографскиот филм за Мерилин Монро – еве која актерка ја игра фаталната убавица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Продукциската и „стриминг“ куќа Нетфликс го објави официјалниот трејлер за биографскиот филм Blonde чија режија ја потпиша Ендрју Доминик, во кој една од најубавите жени во светот, Ана де Армас, ја игра холивудската, модна и шоубизнис икона Мерлин Монро.

Филмот, базиран на бестселерот „Русокоса“ на Џојс Керол Оутс, ќе ја доживее светската премиера во конкуренција на филмскиот фестивал во Венеција. „Русокоса“ е еден од најочекуваните наслови што ќе се натпреваруваат на фестивалот во Венеција. Шефот на Канскиот филмски фестивал Тиери Фремо претходно изјави дека се обидел да го вклучи во програмата за 2022 година, но не успеал да постигне компромис со Нетфликс.

Стриминг гигантот не се натпреварува во Кан од 2017 година поради правилото на фестивалот дека сите филмови што се натпреваруваат мора да се прикажуваат во кината во Франција. Оутс ја опишал Blonde како феминистички филм, кој има за цел да поттикне дебата меѓу современата публика.

„Начинот на кој Кенеди се однесуваше со Мерлин Монро не беше и сè уште не е толку различен од начинот на кој многу моќни мажи, особено во Вашингтон, ги третираат сите жени освен нивните сопруги“, изјави Оутс за Vanity Fair France.

„Амбициите на Ендру беа многу јасни од самиот почеток. Тој сакаше да го претстави животот на Мерилин Монро. Сакаше светот да го доживее чувството да се биде Мерилин. Мислам дека ова е најхрабриот нераскажан поглед на нејзината животна приказна што некогаш е виден“, изјави Ана Де Армас неодамна, на која во филмот ќе ѝ се придружат Боби Канавал, Адриен Броди, Џулијан Николсон, Ксавиер Семјуел и Еван Вилијамс.