Home Шоубизнис Непријатно интервју со Дејвид Атенбороу ги остави гледачите зачудени: „Го исклучив телевизорот“

Непријатно интервју со Дејвид Атенбороу ги остави гледачите зачудени: „Го исклучив телевизорот“

Гледачите на ВВС останаа зачудени откако го изгледаа интервјуто со сер Дејвид Атенбороу кое го водеше Нага Манчети во емисијата ВВС Breakfast.

Атенбороу ги повика луѓето да учествуваат во досега најголемото броење на пеперутки на територија на Велика Британија и интервјуто течеше нормално сè додека се зборуваше за таа кампања.

Но, кога водителката почна да го распрашува за неговата неодамнешна средба со кралицата Елизабета II, легендарниот Атенбороу наеднаш го промени расположението и почна да одговара со доста кратки реченици што создаде прилично неудобна и непријатна атмосфера.

Она што уште повеќе ги зачуди гледачите е последното прашање на несреќната водителка „Зошто пеперутките се толку шарени?“, на кое Атенбороу само почна да се смее.

„Морав да го исклучам телевизорот бидејќи ова интервју со Атенбороу беше повеќе од чудно“, коментараше една твитерџика.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ќе има ли втора сезона на ‘Тотално 90-ти Куќа’? Еве што знаеме за иднината на шоуто на HGTV

Тотално 90-ти Куќа ја завршува својата прва сезона! Натпреварувачкото шоу на HGTV следи дв…