Нема притвор за приведените осомничени лица за пукањето во „Александар Палас“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лицето од Арачиново кое беше едно од вкупно 12-те приведени лица во големата полициска акција минатиот викенд поврзана за претходното пукање во скопскиот хотел „Александар Палас“ не доби мерка притвор за оружјето кое беше пронајдено кај него.

Тој беше единствениот за кој ЈО бараше притвор, но Судија на претходна постапка на лицето му определил само мерки на претпазливост, информираат од ОЈО и најавија дека ќе се жалат на ваквото решение. Од Кривичниот суд за Канал 5 велат дека се работи за неправосилно решение, судијата ги ценел фактите и аргументите на странката, обвинителот и одбраната и одредил мерки за претпазливост, а странките може да се жалат на одлуката. За останатите осомничени се уште трае истрагата, соопштија од Обвинителство.

Во однос на другите лица лишени од слобода при извршените претреси, од МВР до Основното јавно обвинителство Скопје не беа поднесени кривични пријави, туку беше поднесено едно известување за одземени предмети и за обезбедени траги од лице место, за кои дежурен јавен обвинител веднаш истиот ден, согласно Законот за кривична постапка, издаде наредби за вештачење до МВР. Обвинителството, како орган на прогон, по евентуално дополнително поднесени кривични пријави, поткрепени со докази обезбедени на законит начин, ќе постапи согласно своите законски надлежности.

Од МВР велат дека се во постојана координација со ЈО и дека извршено е вештачење на дел од одземените предмети, а за останатите е во тек, по што ќе се знае дали ќе има кривични пријави за осомничените. Додаваат дека одлуките го носи обвинителството и дека тие ќе постапат според она што ќе биде побарано од нив.

Според експертот за безбедност Љубомир Ѓурчевски нема добра координација меѓу МВР и Обвинителството, затоа бавно и неефикасно оди истрагата и институциите си ја префрлаат топката едни на други.

Акцијата на МВР од викендов следуваше по пукањето во Александар Палас минатата недела во кое биле инволвирани дел од приведените. Тие се товарат за предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста на службено лице и трговија со дрога и оружје.