Нема да има целосен мораториум на банкарските кредити – банките ќе одлучуваат кому да му се одложи плаќањето


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Целосен мораториум на банкарските кредити на задолжените граѓани и компании нема да има, туку банките индивидуално ќе одлучуваат кому да му се одложи плаќањето на ратите, пренесува Телма.

Владата вчера ја донесе Уредбата, со која им овозможува на банките да понудат поповолни услови за клиентите. Односно можат да им ги одложат ратите или да понудат пониски камати. Но не е задолжително. Па така од Македонската банкарска асоцијација соопштија дека „се подготвени за примена на Уредбата и велат таа претставува олеснување за клиентите корисници на кредитен производ за изменување на условите секаде каде што ќе се утврди дека тоа е потребно“.

Иако министерката за финансии најави дека откако владата ќе ја донесе уредбата ќе излезе на прес конференција да им соопшти на граѓаните како ќе се практикува, сепак тоа не се случи. А граѓаните не знаат каде и револтирани се јавуваат до медиумите.

„ Сопругот ме извести дека денеска од сметка му резервирале 5.000 денари за ратата за кредит кои се резервирани средства и не може да ги користи“- вели таа.

„Ми се јавија од банка да сум плател рата. Им кажав дека бев во странство и сум во самоизолација. Ми кажаа да ја дадам картичката на пријател и тој да уплати во мое име“- вели граѓанин.

Уредбата ќе важи за сите кредитни производи од станбени, хипотекарни, автомобилски кредити до кредитни картички и дозволен минус. А банките и штедилниците ќе треба да ги известат клиентите за промена во договорите, а компаниите и граѓаните во рок од 10 дена треба да се изјасната дали ја прифаќаат или одбиваат понудата. Ако не се изјаснат ќе важи дека ги прифатиле поповолните услови.

Владата не донесе ниту уредба за одложување на плаќање на режиските трошоци, па така телекомуникациските оператори се јавуваат кај граѓани веднаш да платат сметка за да не бидат исклучени.

Експертите и бизнисот во земјава со критики за спороста и благите мерки на македонската Влада. Бараат итни мерки за да не дојде до крах на економијата. Од Институтот Финанце тхинк се децидни дека не очекува економска криза каква што сме немале од независниоста наваму. Ја споредуваат со таа од 1992 година при распаѓањето на СФРЈ кога БДП паднал 13,2 проценти, и таа во 2001 при воениот конфликт кога е забележан најголем квартален пад од 12,7 проценти.

„Одговорот на економските власти е итно неопходен, со оглед дека освен неговата добра таргетираност, важна е и неговата навременост. Оттука, најголем дел од предлог-мерките кои циркулираат во јавниот дискурс треба без одлагање да бидат усвоени како официјални владини мерки- вели Петрески.

Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Грција, Бугарија со експресно реагираа со низа мерки за помнопш на граѓаните и компаниите.

Одложување на ратите за кредитите за граѓаните и стопанството, некаде и одложување на плаќање режиски трошоци, помош за работниците кои што ќе изгубат работа и за пензионерите со ниски пензии и социјалците , одложувања на плаќања на даноци за фирмите, финансиски инекции тешки милијарди евра за компаниите- се е само дел од економските мерки кои веќе ги донесоа, а некои веќе се носат во Собранијата на земјите од регионот за справување со штетите од Ковид 19.

Македонската влада до сега ги донесе овие мерки: 5,7милиони евра поволни кредити за компаниите или во просек по 10.000 евра за 570 компании, субвенционирање на 50 проценти од придонесите за најпогодените сектори, туризам, угостителство, транспорт, погодените компании нема аконтативно да плаќаат данок на добивка за три месеци, ќе има олеснувања и за данокот за личен доход за компаниите кои ги исполнуваат условите. Се запира извршувањето а УЈП нема да објавува листа на должници,.Владата најави и задолжување од 600 милиони евра з апомош на буџетот и стопанството.