Home Актуелно МВР поднесе кривични пријави против двајца кичевци заради прекршување на полициски час

МВР поднесе кривични пријави против двајца кичевци заради прекршување на полициски час

Кривични пријави беа поднесени против двајца жители на Кичево од страна на полициските органи заради непочитување на мерката полициски час која е на сила во државава.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.И. (22) од Кичево. Тој не се придржувал до мерката за забраната за движење на граѓаните во временскиот период од 21:00 до 05:00 часот заради спречување на ширење на коронавирус COVID – 19, предвидена со одлука на Владата на РСМ.

Пријавениот, на 21 март во 21:15 часот, во време кога е на сила полицискиот час, на булеварот „Ослободување”, управувал патнички автомобил „голф” по што, бил приведен во полициска станица, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Тој исто така објасни дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.П.(50) од Кичево, кој не се придржувал до мерката за забрана за движење на граѓаните од 21:00 до 05:00 часот.

Пријавениот, на 24 март во 00.35 часот, кога е на сила полицискиот час, на магистралниот пат Кичево-Охрид управувал патнички автомобил „голф” по што, бил приведен во полициска станица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…