„Нема да бидеме светски отпад“: Малезија им врати на богатите земји 3.737 тони отпад


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После Филипините, кои им го вратија отпадот на Канада, Малезија врати 150 контејнери со 3.737 тони пластичен отпад во побогатите земји апелирајќи дека не планираат да станат светска депонија.

Кога Кина престана да увезува отпад во 2018 година, овој регион е преплавен со пластика од поразвиените економии, како САД и Велика Британија, пренесува АФП.

Владите од целиот регион сега ја враќаат нелегално увезената пластика, а министерката за животна средина, Јео Би Јин, изјави дека Малезија вратила 150 контејнери што пренесувале 3.737 тони отпад во разни земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и САД.

Земјите што го праќале отпадот морале да ги покријат трошоците за враќање на контејнерите.

„Не сакаме да дадеме ниту денар за тоа. Кога некој нелегално ќе го фрли своето ѓубре во вашата земја, нема вие да платите за да биде вратено назад“, рече Јин.