Аларм во СЗО: Вонреден состанок поради мистериозниот нов вирус во Кина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската здравствена организација беше алармирана од појавата на мистериозниот вирус и свика вонреден состанок во среда за да процени дали треба да прогласи меѓународен итен случај во Кина поради.

Агенцијата на ООН го свика состанокот откако експертите потврдија дека вирусот корона може да се пренесе од човек на човек.

Комитетот за итни случаи на СЗО може да објави препораки за здравствените политики, а објавувањето меѓународна итна помош ќе бара глобална претпазливост, соработка и финансирање за борба против вирусот.

Експертскиот тим на Националната здравствена комисија на Кина потврди дека е новиот корона вирус се премнесува од човек на човек и дека е заразен медицински персонал, објави денес кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Болеста има симптоми слични на пневмонија, вклучувајќи треска и проблеми со дишењето.

Досега, четири лица починале од вирусот , а пријавени се вкупно 217 случаи на заболени , прво откриени во центарот на градот Вухан на почетокот на декември минатата година.

Од Вухан, вирусот се раширил во повеќе кинески градови, вклучително и Пекинг и Шангај, а беше забележан и четврти случај надвор од Кина.