Нема да бидат како другите криптовалути: Кина наскоро ги пушта во оптек дигиталните пари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Виртуелните пари кои Кинеската национална банка ги разви во соработка и поддршка од кинеските комерцијални банки наскоро ќе бидат пуштени во оптек. Поради фактот дека во нивниот развој е директно вклучена националната банка на Кина, ChinaCoin нема да биде класична криптовалута и нема да функционира како биткоин и другите слични криптовалути.

Кинеската народна банка најави дигитална валута како голема работа за готовинските трансакции во Кина. Станува збор за дигитални пари кои ќе ги емитуваат банките под контрола на државниот апарат, на потполно ист начин како што во оптек го пуштаа јуанот, само што овие пари нема да се печатат.

Со оглед на прилично големата блокада на информации што доаѓаат од Кина, деталите за овие дигитални пари сè уште не се познати, додека причината за потегот на Кинеската национална банка се бара во незадоволството од дел од кинеската економија поради „нарушувањата на пазарот на пари предизвикани од криптовалутите“, односно шпекулантите кои тргуваат со нив.

Втората причина е обидот на Пекинг да развие систем на дигитални пари што може да го контролира и со тоа да ја намали нејзината зависност од странската технологија.