Home Вебкафе Не знаел дека на машината за садови се подесува фиоката, па цели 10 години ги миел со раце!

Не знаел дека на машината за садови се подесува фиоката, па цели 10 години ги миел со раце!

Мајк Меклаулин цели десет години ги миел садовите на рака после секој оброк бидејќи едноставно не ги збирало во машината за садови како и да ги наместел.

После цели десет години сфатил дека може да ја подесува фиоката и да ги собере, а својата среќа и фрустрација ги споделил на Твитер.

Неговиот пост го лајкувале повеќе од 84 000 луѓе, а многу од нив го имале истиот проблем.

Голем број на машини за садови имаат можност за подигање и спуштање на кошниците, зависно од тоа колку место ви е потребно.

„Пријателе, не си единствен“, „Јас не ги миев на рака, туку купив нов сет тањири“, „Не можам да верувам дека не сум го знаел ова“, се само неколку од коментарите кои ги доби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…