Не верувајте во сè што гледате: Блогерка ја откри тајната на совршените фотографии на интернет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејзините фотографии од „пред и отпосле“ дискурсот на најверен начин доловуваат колку една поза која најмногу одговара или вовлекувањето на стомакот го менува целиот впечаток на фотографиите кои милиони луѓе секојдневно ги објавуваат на социјалните мрежи.

Сара Пухто е 20-годишна блогерка која со своите објави и фотографии од различни агли и перспективи се обидува еднаш и засекогаш да го сруши митот за совршените фотографии на социјалните мрежи и да покаже дека воопшто не е тешко да се изгледа како Џенифер Лопез или Ким Кардашијан.

Фотографиите се правени во период од неколку секунди, а на многумина уште им е тешко да поверуваат дека станува збор за истата девојка.

„Ничиј задник не изгледа така тркалезно и прцкасто од сите агли“, вели Сара, која за главна цел си задала да ги научи луѓето да почнат да чувствуваат љубов кон своето тело, но и дека сите тие убавици со топ тела не би смееле да бидат мерило за човечката телесна естетика и убавина.