
Родителите на Цеца Ражнатовиќ ретко се појавуваат во јавноста
Родителите на Цеца Ражнатовиќ, Слободан и Мира Величковиќ, ретко се појавуваат во јавноста, а и пејачката ретко зборува за нив.
Како што има спомнато во една прилика, таа и нејзината сестра Лидија биле воспитувани многу строго.
„Кога се родив и првпат заплакав, татко ми рече: ‘Се роди пејачка!’. Како да ја предвиде мојата иднина! По 17 месеци се роди Лидија и со време станавме најдобри другарки. Тоа сме и денес! Таа е втора мајка на моите деца, а јас на нејзините.
Многу строго бевме воспитувани, родителите ни поставуваа граници и строго ги почитуваа. Се сеќавам како еднаш, летно време, кога излегувањата почнуваа дури во десет навечер, мајка ми рече: ‘Можете да излезете во девет, и кога ќе помислам дека сте таму, веќе да сте дома. Ако не ви се допаѓа, уште подобро – останете си дома.’“
Никогаш не ѝ простија една работа
Пејачката откри дека нејзините родители никогаш не ѝ простија една работа.
„Бев одличен ученик и планирав да студирам психологија, но животот ме одведе на друга страна. Верувале или не, сиот мој успех и блескава кариера никогаш не беа доволни за моите родители.
Не ми простија што не продолжив да учам и не завршив факултет – но, сепак, кога сфатија дека пеењето е мојот сон, решија да бидат мојата најголема поддршка. Татко ми ме возеше и ме враќаше од секој настап за да биде сигурен дека сум добро и дека немам проблеми.“
Реакцијата на нејзините родители за бракот со Аркан
Родителите на Цеца не биле задоволни ни кога пребралата да се омажи за Жељко Ражнатовиќ.
„Им реков дека ќе се омажам за Жељко, а мајка ми се израдува: ‘За Шашиќ? Прекрасно! Одличен момак.’ Тогаш и реков: ‘Кој Шашиќ? Ќе се омажам за Жељко Ражнатовиќ – Аркан!’ За малку ќе се онесвестеа, иако нешто веќе слушнале од медиумите, се надеваа дека ќе ме мине тоа.
Потоа татко ми се заозбили и ми се закани: ‘Ако се омажиш за него, ќе те се откажам!’ Знаев дека само ме плаши, па му одвратив: ‘Можете сите да правите што сакате, ама јас ќе се омажам за него затоа што го обожавам.’ Кога го запознаа, веднаш го засакаа.“
И покрај сè, имала поддршка од своето семејство
Пејачката заклучува дека сепак имала целосна поддршка од својата фамилија.
„Едвај чекав да се омажам, да имам слобода на движење! Знаев дека конечно ќе правам што сакам.“