Home Шоубизнис Не им траеше долго љубовта: Славниот пар ја раскина врската

Не им траеше долго љубовта: Славниот пар ја раскина врската

Портпаролот на пејачката Кети Пери потврди дека популарната вокалистка веќе не е во љубовна врска со актерот Орландо Блум.

„Пред да почнат да се шират гласини и лаги, потврдуваме дека Кети и Орландо веќе не се во врска“, стои во соопштението за јавноста.

Пери и Блум започнаа љубовна романса минатата година, после доделувањето на Златните глобуси, а уште од крајот на минатата година се шпекулираше дека врската им е во криза.

И покрај раскинувањето, актерот и пејачката останаа добри пријатели и заедно во неделата се појавија на забавата после доделувањето на Оскарите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …