Наследи куќа и во неа најде богатство вредно милион евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Французин кој наследил куќа од починат роднина, во истата пронајде над 100 килограми злато вредно еден милион евра.

Тој на разни места во куќата пронашол вкупно 5.000 златници, две златни шипки од по 12 кг и 37 плочки од по еден килограм. Аукционерот Николас Фиерфорт, кој ја проценувал вредноста на мебелот кој наследникот одлучил да го продаде, вели дека златото било исклучително добро скриено во бањата и под мебелот.

Златното богатство го открил новиот сопственик кога почнал да го преместува мебелот. Првин нашол лимена кутија со златници пришиена за долната страна од едно парче мебел. Потоа најде кутија за шише виски полна со злато и така со ред.

Вкупната вредност на златото, кое во меѓувреме беше продадено, беше 3,7 милиони евра. Сепак, наследниот добил помал износ од тој, бидејќи првин мораше да плати 45% данок на наследство, а ќе треба да плати и три години неплатен данок на имот ако испадне дека покојникот не го пријавил своето богатство.