Home Вебкафе Направи минијатурен Дизниленд од Лего коцки

Направи минијатурен Дизниленд од Лего коцки

Џон Вејн Дафтери од Тексас е голем обожавател на Лего коцки и ги собира веќе четири години. Но, освен од Лего коцките, тој исто така е еднакво восхитен и од Дизниленд. Поради тоа, одлучи да ги спои овие две негови страсти и да направи мал Дизни парк од Лего коцки.

Неговиот мини Дизниленд има сè: дворец, подвижен воз како оној во тематскиот парк и други додатни елементи. Видео од својот Дизниленд постави на YouTube за да го сподели своето дело со остатокот од светот.

За Insider Вејн вели дека за Лего коцки почнал да се интересира пред 4 години, кога го купил својот прв комплет. Набрзо потоа купил и Дизни дворец Лего комплет. Така дошол на идеја да направи своја Лего верзија на Дизниленд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…