Голем празник ни претстои и време е да ги подвиткаме ракавите и да подготвиме богата трпеза.
Зошто да не ги изненадите годинава вашите домашни со вкусна велигденска плетенка? Плетенката е свечен леб, кој покрај добриот вкус на трпезата преставува и убав празничен декор. Може да биде округла, овална или во облик на срце.
ПЛЕТЕНКА – СОСТОЈКИ:
500 г бело брашно
ќесичка сув квасец
2 јајца, белки
50 г шеќер
ванилин шеќер, сол
250 мл слатка павлака
млеко за премачкување
ПЛЕТЕНКА – ПОДГОТОВКА:
Сипете го брашното во подлабок сад и измешајте го со сувиот квасец. Додадете малку топла вода, слатка павлака и останатите состојки, подгответе тесто и оставете го да нарасне. Формираме три стапчиња од тестото, плетеме плетенка и ја ставаме во сад за печење. Измешајте жолчка и лажица млеко и премачкајте ја плетенката. Печете ја добри пол часа на 180-200 степени Целзиусови.