Наместо атрактивен ски центар со апартмани – стечај за Кожуф


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Наместо апартмани, хотели. жичници, комплекс по европски терк – стечај за Кожуф.

Тоа е судбината на најнадежниот ски центар во Македонија што треба да преарсена во вистинска македонска гордост по урнек на оние во Бугарија на пример. Но тоа не се случи.

Во Основниот суд во Велес е отворена стечајна постапка за фирмата што требаше да го изгради најголемиот скијачки центар на планината Кожуф, во јужна Македонија. Ќе следи постапка на попис и проценка за утврдување на стечајната маса на должникот ски центар Кожуф информира Дума.мк

Овој ски центарот Кожуф почна да се гради пред 16 години, а веќе во 2006 та почна скијањето. Инвестирани околу 20 милиони евра.

Сопствениците алармираа во медиумите дека имаат проблем со изградбата на патот од страната на Кавадарци и Демир Капија. Тој никогаш не се изгради а тие почнаа да бројат загуби, оти туристите не можеа да пристапат до овој прекрасен предел.

Потоа странска група го купи комплексот но попусто, ншто не се мрдна од мртва точка.

Природната планинска убавица Кожуф се наоѓа на 40 км. од градот Гевгелија, плени со својата убавина и едноставност.

Распространета на територијата на две држави, Македонија и Грција, зафаќа површина од околу 2000 км. квадратни.