Најмалку 79 деца загинале од почетокот на рускиот воен напад врз Украина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Канцеларијата на главниот украински обвинител денеска соопштија дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца.

Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим.

Во повеќе украински градови утрово имаше експлозии, на кои им претходеа сирените за тревога. Експлозии имаше во градовите Николајев, Кроповнички и Дњепар.