Најмалку 70 загинати украински војници во руски ракетен напад на воената база во Октирка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмалку 70 украински војници ги загубија животите во руски ракетен напад на воената база во Октирка, град што се наоѓа меѓу Харков и Киев. Трагичниот биланс го потврди шефот на регионот Суми, Дмитро Живицки.

Локални функционери објавија фотографии од уништениот четирикатен објект, додека спасувачите пребаруваат по урнатините. Украинскиот парламент соопшти дека нападот бил извршен со проектил „град“.

Живицки кажа дека во нападот што се случил во неделата загинале и руски војници и локални жители. Суми се наоѓа под опсада на руските сили од почетокот на инвазијата минатата недела.