Москва се заканува: Сите кои испраѓаат оружје за Украина ќе сносат одговорност


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерство за надворешни работи на Русија во текот на вчерашниот ден соопшти дека сите оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата.

Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор.

Речиси сите европски земји најавија помош за Украина во оружје. Последната помош, по неутралната Финска, синоќа ја соопшти Норвешка, која уште од 1950 година се придржува до политиката да не испорачува оружје на земји кои не се членки на НАТО, се наоѓаат во војна или се загрозени од вооружени конфликти.

Норвешка ќе донира до 2.000 фрлачи на противтенковски ракети М72, се наведува во соопштението на владата.

-Норвешка има строга политика во однос на извозот на воена опрема, но Украина сега се соочува со вонредни околности, изјави премиерот Јонас Гар Стоере.