Живот

Најголемата желба на жените: Кога ова би го направил, би била најзадоволна…

Кога ќе влезете во зрелите години, ви станува неважно дали момчето има извајано тело, туку барате нешто друго.

Едноставно е. Жените од мажите најмногу сакаат да бидат сослушани.

„Не ми е грижа за добриот изглед, скапата облека и брзите автомобили. По напорниот ден, сакам кога мојот партнер ме слуша што му зборувам“, искрено признава 40-годишната Анита од Загреб.

Со тоа се сложува и 32-годишната Тамара:

„Кога шефот на работа ќе ми го дигне притисокот и ќе ми нареди дека морам да останам подолго на работа, за да поправам грешката на колегата кој има поголема плата од мене, јас едвај чекам да дојдам дома и да се пожалам на мојот партнер“, и продолжува:

„Меѓутоа тој по третата реченица ме прекинува и веднаш ме советува што следниот пат да му кажам на шефот, а покрај тоа ми пушта видео снимка на Јутјуб со упатства како да барам поголема плата, а јас само сакам тој да ме сослуша, не да ги решава моите проблеми. Кога би ми ја исполнил желбата и би ме сослушал би била најзадоволна“, вели Тамара.

Со овие машко-женски проблеми се занимава една британска студија и дојде до податокот дека момците можат со часови да зборуваат за политика, фудбал, добар филм или омилено пиво со машките пријатели. Но, кога треба да зборуваат со својата партнерка, нивната концентрација и внимание не траат подолго од шест минути.

„Драга, ние сме мажи. Ние решаваме проблеми, ние не слушаме. Ако сакаш некој да те слуша, повикај ги твоите пријателки“, ми одговори мојот сопруг кога го прашав во што е проблемот, вели 37-годишната Ивана.

Исто така, студијата истакнува дека момците најчесто не сакаат да ги слушаат проблемите на својата партнерка. Тогаш се чувствуваат непријатно, бидејќи се воспитани така да мораат да бидат разумни и силни, а не емотивни. Сметаат дека ако ја слушаат својата девојка. така
ќе испадне дека повеќе се жалат.

На жените им се најсексипилни мажите кои знаат да слушаат, затоа, момци, не трудете се да се промените поради вашата партнерка, туку поради вашиот посилен и искрен однос.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top