Home Шоубизнис Најдени остатоците од авионот со кој трагично загина фудбалерот Сала

Најдени остатоците од авионот со кој трагично загина фудбалерот Сала

Синоќа, во водите на Ла Манш, со нуркачка потрага беа пронајдени остатоците од малиот приватен авион со кој загина новокупениот фудбалер на Кардиф, Емилијано Сала, а кој исчезна пред две недели, на враќање од Нант кон Кардиф.

Откако по три дена од несреќата, не беа најдени телата, спасувачите ја прекинаа потрагата . Со донации , најмногу од колегите фудбалери, беа многу бргу собрани 300 000 евра, со кои се обнови потрагата со приватна компанија.

Бродот со кој се водеше потрагата од завчера, синоќа ги најде остатоците од авионот на дното на Ла Манш.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…