Home Актуелно Нафтата со пад на цената под 52 долари

Нафтата со пад на цената под 52 долари

Цените на нафтата паднаа во четврток на меѓународните берзи под нивото од 52 долари под влијание на информациите дека пазарот е обилно снабден со сурова нафта и покрај обидите на ОПЕК и другите големи производители да го ограничат производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше во минус 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 51,61 долар. На американскиот пазар цената беше во минус 55 центи и изнесуваше 48,52 долари.

Пазарот во среда беше поткрепен со информацијата за падот ан американските резерви на сурова нафта минатата недела за 1,8 милиони барели, шт9о сепак е помал од она што го очекуваа аналитичарите.

Одвоено, ОПЕК денеска објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во среда изнесувала 49,43 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот ден од тргувањето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…